Кибер нападите со уценувачки вируси се повеќе се дело на држави, стои во годишниот извештај на Европол.
Во тие кибар напади хакерите блокираат податоци и документи на корисници, по што жртвата ја уценуваат за пари, за да и го вратат пристапот до нив.
Во 2017 година злонамерни софтвери како „УонаКрај“ и „НотПетја“ заразија стотици илјади компјутери во светот и предизвикаа сериозни економски штети.
Освен кибер нападите кои ги извршуваат криминалци за да изнудат пари, светските кибер напади се почесто им се припишуваат на националните држави, соопшти Европол, чие седиште е во Хаг.