Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и генерален секретар на БЕСА, Арјанит Хоџа, најави дека во текот на денешниот ден во Владата ќе поднесе оставка од функцијата министер. Тој ја истакна ваквата намера во вчерашното интервју на „ТВ21“.
Хоџа нагласи дека ќе зборува за причините за неговата одлука на прес-конференција што се очекува да биде закажана во текот на денов.