Скринингот кој се спроведува во основните и средните училишта не открил ниту еден случај на коронавирус, како што соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека ќе бидат тестирани околу 500 ученици до крајот на неделава.
Тестирањето се спроведува со цел да се откријат асимптоматските случаи меѓу ученици и да се добие потполна слика за трансмисијата на вирусот во училиштата, а во него треба да бидат опфатени околу осум илјади ученици.