Изложба на Пабло Пикасо – керамики, цртежи и графики од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж ќе биде поставена во Домот на културата во Ѓорче Петров на 20 октомври, 2021 година, од 12 до 22 часот.
Влезот е бесплатен, а изложбата ќе биде поставена само еден ден.
Во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж се наоѓаат 83 оригинални дела на Пабло Пикасо од кои 8 цртежи, 26 керамики, а другите рачно потпишани графики.
Покрај неприкосновената вредност на делата од легендата во уметноста на 20 век – Пабло Пикасо, оваа изложба е од исклучително значење и затоа што се организира по втор пат во Скопје. Единствена изложба на дела од Пикасо од колекцијата на ОСТЕН претходно е организирана во Галерија ОСТЕН во 2011 година.