Во првиот круг се избрани 26 градоначалници, согласно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК) до 9.30 часот утринава. Гласовите за Град Скопје и за уште 15 општини сѐ уште не се целосно обработени.
Кандидатите на СДСМ и коалицијата победиле во Струмица, Берово, Валандово, Делчево и во Крушево во однос на поголемите места, а на ВМРО-ДПМНЕ оствариле победи во Прилеп, Виница, Кавадарци, Неготино, Свети Николе… Кандидатите на ДУИ, пак, славеа во Липково, Пласница и во Сарај.
Втор круг ќе има во 40 општини, меѓу кои се Битола, Гевгелија, Тетово, Кочани, Гостивар, Дебар, Кратово, Кичево, Охрид, Струга, Пробиштип, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар и Арачиново.
Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 31 октомври.