Талибанците истрелаа најмалку три ракети врз меѓународниот аеродром во Кандахар во јужен Авганистан, изјави денеска портпаролот на талибанците, наведувајќи дека целта е да се спречат воздушните напади извршени од силите на авганистанската влада.
– Аеродромот во Кандахар го гаѓавме бидејќи непријателот го користи како центар од каде изведува воздушни напади врз нас – изјави за „Ројтерс“ портпаролот на талибанците, Забиула Муџахид.
Официјални претставници на авганистанската влада изјавија дека ракетните напади ги натерале властите да ги прекинат сите летови и дека пистата е делумно оштетена.
Како што наведоа, засега нема извештаи дали има повредени во нападите.