Тврдењата дека Русија тежнее да ја подели или ослабне Европа се апсурдни, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Постојано разговаравме за изградба на широка и рамноправна соработка на европскиот континент, заснован на принципот на еднаква и неделлива безбедност – изјави Лавров во интервју за словачка „Правда“.
Што се однесува на односите со САД, Лавров рече дека Москва и Вашингтон работат на конкретни чекори за да се воспостави ефикасна соработка во различни сфери, а заснована на договорот постигнат на Самитот во Хелсинки.
– Во Хелсинки лидерите ја потврдија взаемната намера да најдат заеднички точки и начини за да ги надминат постојните разлики – рече Лавров и додаде дека би било наивно да се верува оти после тој Самит е воспоставена апсолутна доверба.
Тој оцени дека негативниот развој на односите им штети на обете држави и претставува дополнителен ризик за „целата структура на меѓународната безбедност“.