Новата сезона во Серија Б ќе почне на 24 август и ќе има вкупно 38 кола, што значи во секое коло по еден клуб ќе биде слободен
Во новата натпреварувачка сезона од Серија Б, наместо 22 фудбалски клуба, ќе се натпреваруваат 19. Поради финансиски проблеми во Серија Д (четврта по ранг), исфрлени се екипите на Бари (лани беше седми), Авелино (15) и Чезена (17), а раководството на Серија Б, реши нив да не ги заменат третолигашки екипи.
Бари по финансискиот колапс го смени сопственикот. Клубот го купи Анџело де Лаурентис, сопственикот на Наполи и најави дека ќе се обиде да го однесе до Серија А, како што го направи тоа со наполитанците.
Клубот е формиран во 1908 година и ова му е втор банкрот, а трето име. Формиран како ССЦ Бари, по банкротот во 2008 година го добива името Бари 1908, а следната сезона во Серија Д, ќе почне со името со кој е и основан.
Чезена, која е формирана во 1940 година, на 16 јули прогласи банкрот, по што клубот замре. Само два дана подоцна, група локални стопанственици се собрале околу клубот Ромања центро, формиран 1921 година и побарале негова пререгистрација во АЦ Чезена. Новиот клуб не добил право на наследство на освоените трофеи и обележја на клубот, кој бил формиран 1940, но доби право на играње во Серија Д.
На Авелино овие промени му се добро познати. Клубот е формиран во 1912 година, но поради банкрот веќе двапати одел во понизок ранг на натпреварување, а и го менувал своето име. Од 2015 година го носи оригинално име УС Авелино 1912, но нема да биде изненадување ако дојде до негово ново прекрстување, за долговите да не бидат наплатени.
Новата сезона во Серија Б ќе почне на 24 август и ќе има вкупно 38 кола, што значи во секое коло по еден клуб ќе биде слободен.