Две лица се убиени а 12 се повредени во пукотниците што се случиле на роденденска забава во Њу Џерси, објави американската полиција.
Триесетгодишен маж и 25 годишна жена беа убиени на фатална забава во куќа, а меѓу повредените кои беа пренесени во болница, едно лице е во критична состојба, јавуваат американските медиуми.
Според пишуваното во тамошните медиуми повеќе од сто луѓе учествувале на забавата.
Засега нема податоци за уапсени а полицијата продолжува да го испитува инцидентот.