Заев за апсењето на Рашковски
Нема недопирливи пред законот. Но мора да ја почитуваме презумцијата на невиност. Никој не е виновен додека не се докаже спротивното, кажа премиерот Зоран Заев во врска со денешното приведување на на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, одговарајќи на новинарско прашање.
– Нема недопирливи пред законот. Рашковски беше генерален секретар на Владата, но институциите си ја вршат работата. Сепак, мора да ја почитуваме презумцијата на невиност, никој не е виновен додека не се докаже спротивното. Сметам дека набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци е направена согласно законот за Влада и деловникот на Владата. Според мене сѐ е законски, но главниот збор сепак го има судот, и нема да дискутирам. Важно е дека никој однапред не може да се нарече виновен – рече Заев.