На 05.04.2021 околу 19 часот во село Матка, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(51) од Матка.
При преглед кај него бил пронајден пиштол „Берета“ калибар 9 мм, а според пријавеното пукал со пиштолот и организирал семејна веселба во својот двор, спротивно на прописите за заштита од ковид-19.
По претходна пријава, во дворот од неговата куќа полициски службеници извршиле контрола, при што биле затекнати двајца музичари и поставени маси.
Поради сомнение дека постапиле спротивно на препораките за заштита од ковид-19 од слобода биле лишени и Е.С.(22), од с.Матка, И.Ј.(56) од с.Камењане, тетовско, Ш.Р.(52) од Скопје и Ф.А.(28) од с.Србиново, гостиварско.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.