Германија во супериорна игра (76 отсто посед на топката) и со убедлива победа над Исланд со 3-0 ги почна квалификациските натпревари во групата Ј, за пласман на Светското фудбалско првенство (СП) во 2022 година во Катар. Четирикратните светски прваци, во првиот меч откако селекторот Јоаким Лев ја објави оставката по Европското првенство летово, си ја завршија работата уште во седмата минута, кога поведоа со 2-0. Пред мечот играчот за врска на Германија, Јонас Хофман, беше позитивен на ковид-19, но по консултација со локалните власти беше дозволено мечот да се одигра.
Од истата група, во која е и репрезентацијата на Македонија, Лихтенштајн беше на прагот на реми во дуелот со Ерменија, но не издржа докрај и загуби со минимални 0-1, со автоголот во 83-та минута.


РЕЗУЛТАТИ, 1. КОЛО

Група Б: Шпанија – Грција 1-1, Шведска – Грузија 1-0. Идно коло (утре): Грузија – Шпанија, Косово – Шведска.
Група Ц: Италија – Северна Ирска 2-0, Бугарија – Швајцарија 1-3. Идно коло (утре): Бугарија – Италија, Швајцарија – Литванија.
Група Ф: Молдавија – Фарски Острови 1-1, Шкотска – Австрија 2-1, Израел – Данска 0-

2. Идно коло (утре): Данска – Молдавија, Австрија – Фарски Острови, Израел – Шкотска
Група И: Андора – Албанија 0-1, Англија – Сан Марино 3-0, Унгарија – Полска 3-3. Идно коло (утре): Албанија – Англија, Полска – Андора, Сан Марино – Унгарија.
Група Ј: Романија – Македонија 3-2, Германија – Исланд 3-0, Лихтенштајн – Ерменија 0-1. Идно коло (утре): Македонија – Лихтенштајн, Романија – Германија, Ерменија – Исланд.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
Група А: Р. Ирска – Луксембург, Србија – Португалија.
Група Е: Белорусија – Естонија, Чешка – Белгија.
Група Г: Црна Гора – Гибралтар, Норвешка – Турција, Холандија – Летонија.
Група Х: Русија – Словенија, Хрватска – Кипар, Словачка – Малта.

УТРЕ
Група Д: Казахстан – Франција, Украина – Финска.