Тирана – Претседателот на Централната изборна комисија, Илирјан Челибаши, рече дека на парламентарните избори, што во Албанија ќе се одржат на 25 април, нема да гласаат сите заразени лица со ковид-19 што се во домашна изолација или се лекуваат во болница. Околу 34 илјади граѓани со ковид-19 нема да го остварат своето право на глас. Албанија нема систем за испраќање гласачки кутии дома. („Нетпрес“)
Белград – Десетици луѓе се собраа во саботата вечерва на Савскиот плоштад во Белград, во близината на споменикот на Стефан Немања, каде што одиграа традиционално српско оро. Луѓето не носеа заштитни маски, а дел од присутните вееја српски знамиња. Протестот се одржа поради воведувањето на новите мерки за ограничување на движењето на граѓаните. („Новости“)
Софија – За неколку месеци во Бугарија ќе има фабрика за вакцини, најави бугарскиот премиер Бојко Борисов. Фабриката е во изградба, треба да биде готова за три месеци. Инвестицијата е вредна 120 милиони евра. (БГНЕС)