Тапетите сѐ уште се голем тренд во уредувањето
Светските трендови во дизајнот на ентериер оваа година се ориентирани кон надминување на нашите сопствени рамки. Целта е да создадеме удобност во просторот за живеење, што е истовремено наше дело и најдобра можна организација за таа да работи. Годинешниот хит се разнобојни sидови, односно тапети што доаѓаат во разни бои и дезени.
Индустриски: индустрискиот дизајн е омилен веќе неколку години, а неговиот ефект врз ѕидовите може да се постигне со мали трикови. Заднините што имитираат тула или гол ѕид совршено ќе се вклопат во другиот индустриски мебел.
Мурали: муралите на sидовите се идеален украс за секој животен и работен простор, а заднините со мотиви од мурал се голем хит во последните неколку години. Бои, форми, дезени – колку повеќе шаренило, толку подобро.
Цвеќе: големо враќање имаат цветните тапети. Иако пред околу десет години беа на црната листа на дизајнери на ентериери во светот, во 2021 година се враќаат на голема врата. Ентериерите инспирирани од стилот на баба во комбинација со модерни детали се полн погодок.
Природа: мотивите на растенијата и животните доаѓаат во малку попристојни варијанти и совршено ќе се вклопат во просториите наменети за одмор и за дружење.