Уште тројца луѓе се наоѓаат под истрага на аргентинското обвинителство, поради смртта на Диего Марадона. Фудбалската икона на Аргентина, почина од срцев удар на 25 ноември минатата година. Доколку лицата бидат прогласени за виновни, тогаш тие ќе бидат обвинети за убиство од негрижа.
Под истрага веќе се наоѓаат Леополдо Луке, хирургот кој ја извршил операцијата, инаку и личен доктор на Марадона и психијатрот, Агустина Цокашов, која вршела посети во домот на Марадона, откако тој бил опериран.
Истражителите веќе извршиле претреси во нивните ординации и домови.
Под истрага сега се наоѓаат и психологот, Карлос Дијаз, кој месеците пред смрта на Марадона работел со фудбалерот и медицинските лица Дијана Жисела Мадрид и Рикардо Алмирон.