Од политички причини сакаа инцидент и сензационалност, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за националниот сервис МТВ, во врска со завчерашната интервенција на полицијата на Вевчанскиот карневал поради непочитување на мерките против ширење на ковид-19.
Тој додаде и дека во Вевчани не се случило ништо спектакуларно, како и оти договорите кои МВР ги постигна со вевчанци не биле испочитувани. Спасовски уште еднаш апелираше да се почитуваат мерките месецов, кој е исполнет со празници.