Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе светне вечер во 19 часот.
Поради пандемијата од коронавирусот, оваа година осветлувањето на новогодишната елка во центарот на градот ќе биде симболично.
Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание.
На плоштадот „Македонија“ вечер ќе присуствува и градоначалникот Петре Шилегов.