Седумнаесет годишник од гостиварското село Чегране е задржан во полициска станица откако во неговиот дом биле најдени оружје, муниција и марихуана.
Од СВР Тетово денеска информираа дека полициски службеници на надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчеравечер, со судска наредба, извршиле претрес во домот на 17-годишен жител на гостиварското село Чегране.
– При претресот во неговата соба во куќата пронајдени се: пиштол „Зораки“ калибар 9 милиметри со 2 куршуми од истиот калибар, 1 најлонско ќесе со марихуана, дробилка со остатоци од ваква материја, безбол палка, 2 метални боксирачи, нож црна спреј и една рачно изработена цигара „џоинт“, информираат до СВР Тетово.
Пронајдените предмети се фотодокументирани и со потврда одземени за вештачење. Малолетникот, во присуство на негов роднина, е приведен во Полициската станица Гостивар и задржан за натамошна постапка.