Светската фудбалска федерација (ФИФА) им изрече казни на шест клубa, вклучувајќи по еден од Русија и од Турција, поради неисплатени плати на играчите, со што се доведоа себеси до евентуално одземање бодови во лигите во кои настапуваат.
Така, рускиот второлигаш Кубањ е казнет со 12.900 евра од страна на Дисциплинскиот комитет на ФИФА, а за да ги избегне понатамошните санкции, како на пример одземање бодови и забрана за купување нови фудбалери, клубот треба во рок од 30 дена да ги намири ненаплатените обврски.
Светската куќа на фудбалот го казни и турскиот прволигаш Мерсин, со 17.160 евра, кој, за разлика од Кубањ, има рок од два месеца да ги намири обврските.
ФИФА парично ги казни уште и Ел Араби и Ел Караитијат од Катар, како и Замелег спортинг од Египет и Ел џазира од ОАЕ со сума од 21.000 до 25.800 евра.
Дисциплинскиот комитет на ФИФА го казни и Фудбалскиот сојуз на Египет со 43.000 евра, оти не го испочитувал предвидениот рок (21-27 мај), кој, пак, бил предвиден за одмор на фудбалерите пред почетокот на Светското првенство (СП) во Русија. Имено, тие во тој период одиграле пријателски натпревар со Кувајт.