Практиките на дресерите на хиени, познати и како луѓето-хиени во Нигерија, се обвиени со одредена мистерија, со што локалните медиуми честопати ги претставуваат овие лица како криминалци и собирачи на долгови.
Дресерите заедно со нивните хиени привлекуваат внимание во главниот нигериски град Лагос, на уличните настапи каде што се појавуваат и бабуни, змии и други животни.
Хиените се дресирани да се вртат и да скокаат во рацете на нивните дресери, кои пак, ги доближуаат своите лица до муцките на ѕверовите и до отровните змии, додека бабуните собираат пари од присутната публика.
Традицијата на дресирањето на животните се пренесува од една генерација на друга, во семејствата што се занимаваат со оваа практика.