Двајца браќа на тинејџерска возраст денеска биле усмртени од воз на југот од Германија. Според информациите од полицијата, тие трчале преку пругата на станицата во обид да стигнат до нивниот воз.

Рампите биле спуштени над пругата на станицата во Брукберг, северо-источно од Минхен, кога 13 и 17-годишникот се обиделе да ја преминат пругата за да стигнат до нивниот воз, кој веќе бил на платформата, изјави полицијата за агенцијата ДПА.

Возот кој доаѓал во Минхен се обидел да закочи, но не успеал да запре на време и удрил во двајца тинејџери. Според Газета Експрес – тие се од општина Дечани на Косово, но биле жители на Германија.

Машиновозачот направил се за да го запре возот, но било предоцна за тоа, изјави портпаролот на полицијата.