Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 225 нови случаи на инфекција со коронавирус, а во моментов се активни 2.758 случаи.
Хоспитализирани се 296 пациенти, од кои 21 се на респиратор.
Регистриран е и еден смртен случај, пренесе порталот „Индекс“ врз основа на информациите од Националниот штаб за цивилна заштита.
Од почетокот на пандемијата во Хрватска се потврдени 11.964 случаи на коронавирус, 198 лица починале, а 9.008 се опоравиле.