Непознати лица украле акумулатори кои служеле за напојување на слетна точка на скопскиот аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 16.20 часот во СВР Скопје, З.Е. пријавил дека во Катланово, Скопско, на место викано „Фазанерија“, непознато лице насилно ја отворило вратата од објект на М-НАВ и одзело четири акумулатори кои служеле за напојување на слетна точка на аеродромот.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.