САД/ Тулса – На првиот предизборен митинг во Тулса, Оклахома, американскиот претседател Доналд Трамп ја нападна Германија, велејќи дека таа му должи на НАТО трилион долари (1.000 милијарди). САД повлекуваат 10.000 свои војници од Германија, затоа што Берлин му должи на НАТО, врз основа на недоволните трошоци во одбраната во последните 25 години. Во својот говор, како што пренесуваат германските медиуми, тој во пет наврати ја спомна Ангела, германската канцеларка Ангела Меркел, и праша што се случило со парите што Германија ги потрошила премногу малку за одбрана во последните 25 години.
Тој рече дека Меркел му ветила минатата година дека ќе ја исполни целта на два процента од БДП за одбрана до 2030 година или можеби 2032 година.
ИНДОНЕЗИЈА – Вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава исфрли облаци од пепел и врел гас во висина од околу 6.000 метри. Големо количество пепел ги прекри неколкуте села на островот, а властите го советуваа локалното население да остане три километри оддалечено од вулканскиот кратер и да биде свесно дека постои опасност од лава.
ГЕРМАНИЈА/Штутгарт – Неколку германските полицајци се повредени во улично насилство што избувна во текот на ноќта во саботата во германскиот град Штутгарт. Во насилството, кое се случило околу полноќ, учествувале стотина лица, кои ограбиле повеќе продавници во областа Шлосплатца. Меѓу повредените има и полицајци.
– Ситуацијата беше целосно надвор од контрола – рече портпаролот на полицијата. Не е јасно каква е заднината на немирите. Кон полицајците било фрлано со камења користени за поплочување на улиците, а биле уништените и излозите во центарот на градот.
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА/Ридинг – Три лица се убиени, а тројца се тешко ранети во завчерашниот напад од маж, кој ги нападна минувачите во парк во градот Ридинг на југот на Англија. Локалната полиција, засега не го оквалификува нападот како тероризам. Уапсен е 25-годишниот напаѓач.
САД/Вашингтон – Американскиот потпретседател Мајк Пенс во интервју за телевизијата Ај-би-си избегна да ги каже зборовите „црните животи се важни“ и наместо тоа рече „сите животи се важни“.
Откако водителот на програмата, Афроамериканец, даде забелешка дека тој сепак не ги изговара зборовите „црните животи се важни“ и дека постои важна разлика, „кога тоа се кажува се дава до знаење дека црните животи имаат важност, во време кога многумина во општеството не се сложуваат со тоа“.