Истражувачите во Кина ја започнаа втората фаза од тестирање на вакцина против коронавирус врз луѓе. Во оваа фаза ќе се утврди дозата на вакцината, како и проценката дали вакцината може безбедно да го натера на одговор имунолошкиот систем кај здраво лице.
Вакцината што ја тестира Институтот за медицинска биологија е една од шесте можни вакцини што ги тестираат кинеските научници врз луѓето.
Околу 200 луѓе учествуваа во претходната фаза на тестирање, што почна во мај.