фото: Зоран Антоски

Во текот на изминатото деноноќие полициските службеници на ниво на СВР-Охрид издале 151 прекршочен налог на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење на лична заштита на лицето. Од овој број прекршочни налози 38 се издадени на граѓани од општина Кичево.

Моментално во оваа општина во изолација се наоѓаат 20 лица од 104 колку што има вкупно на ниво на СВР-Охрид. Во изминатотот деноноќие полициски службеници извршиле 61 контрола врз овие лица. Во Кичево моментално е регистрирано само едно лице во самоизолација.

Полициските службеници самостојно и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле и 46 контроли врз угостителски и други објекти во општина Кичево.

Вчера околу 22.,30 часот на локален пат во село Зајас Ч.А. (42) го нарушил јавниот ред и мир. Со пцовки, а потоа и со физичка сила ја нападнал Ф.Д. (17) од истото село. Против напаѓачот ОВР-Кичево ќе поднесе соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

З.А.