Претседателот на Собрание во заминување, Талат Џафери, по состанокот на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски, посочи дека новите 14 дена вонредна состојба политичките лидери треба да ги искористат за да најдат консензус во однос на датумот за изборите. Тој кажа дека дека ваквата состојба не може да трае до недоглед.
– Општата констатација е дека е потребно дополнително да се продолжи вонредната состојба. Мислам дека ова време за кое што ќе се продолжи вонредната состојба, ќе биде доволно дополнително време лидерите да го искористат за да изнајдат консензус за да одат на предвремени избори. Апелирам до лидерите ова време да го искористат за директна или индиректна комуникаиција, да смогнат сили и во интерес на граѓаните. Според правилата, Собранието може да го врати само граѓанинот – рече Џафери.
Тој посочи дека изборниот циклус нема да биде како претходните, но, граѓаните мора да научат да живеат со оваа состојба.
– Условите за граѓаните нема да бидат како во претходните циклуси, но ние мора да научиме, сите поединечно како граѓани и субјекти политички, да живееме со појава која според прогнозите ќе потрае. Не можеме да останеме до недоглед со нерешена ситуација. Како на резултат одлука на лидерите, од октомври минатата година, да се оди на предвремени избори, Собранието ја испочитува и низ процедурална постапка ја спроведе одлуката и ги спроведе сите процедури за избор на техничка Влада сто дека пред изборите, да се распушти времето во соодветно време за да се обезбедат 60 дена, како што Уставот прецизира и во тој контекст, сите ние се најдовме во една состојба поради вирусот и таа се дефинира како вонредна – рече Џафери.