Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2020 година продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 1.4 проценти на месечно ниво, а се повисоки за 0.3 отсто на годишно ниво.
Во март 2020, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 5.3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 1.0 процент и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.3 отсто.
Во март 2020, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 12.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6.8 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1.8 %.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски за 2.1 % на месечно ниво, а се повисоки за 0.5 % на годишно ниво.
Во март 2020, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 7.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 1.7 %.
Во март 2020, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 18.9 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2.4 %.