Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Белата куќа постепено ќе ја распушти работната група за борба против коронавирусот, во време кога земјата влегува во втората фаза на борба со последиците од пандемијата.
За време на посетата на фабрика за маски во Аризона, Трамп рече дека американскиот потпретседател, Мајк Пенс, и работната група направиле одлична работа, пренесува „Ројтерс“.
– Но, сега разгледаме малку поинаква форма и тој облик е безбедност и отворање и веројатно ќе создадеме различна група за тоа – рече Трамп.
На прашањето дали тоа значи дека е остварена мисијата во борбата против Ковид-19, Трамп одговори негативно.
– Не, воопшто не. Мисијата ќе заврши кога сето ова ќе биде готово – рече американскиот претседател.