Придобивки од вашето домашно милениче во изолација
Доколку поради пандемијата на коронавирус работите од дома, имајте на ум дека вашиот домашен миленик е тој што најмногу се радува на тоа, затоа поминете квалитетно време со него. Галете се со вашето куче или мачка и играјте си со нив, затоа што кога ќе заврши сето ова, ќе се вратите на редовните деловни обврски и тие повторно ќе мора да бидат сами дома.
Но научниците советуваат да не обрнувате премногу внимание на нив, бидејќи потоа ќе им биде многу тешко да го прифатат вашето враќање на работа. Времето што го поминувате со нив дома им дава чувство на сигурност, а одвојувањето може да предизвика вознемиреност кај домашните миленици. Професорот Даниел Милс од американскиот универзитет „Линколн“ препорачува луѓето да поминуваат квалитетно време со своите миленици наместо да им посветуваат внимание цел ден.
Наместо да ја ставите неговата храна во пластичен сад, фрлете му парче храна некаде во домот и кажете му да ја најде. Кога миленичето ќе го направи тоа, дајте му до знаење дека направило добра работа. Користете топки и играчки. Играта во која фрлате предмет, а тоа ви го враќа, исто така е изводлива во затворен простор.