Информацијата што неодамна ѝ го привлече вниманието на светската јавност е дека славниот актер Џеки Чен, наводно, има коронавирус и е ставен во карантин. За да ги отстрани сите сомнежи, херојот на многу акциски филмови на Инстаграм објави дека е здрав.

– Ви благодарам на сите за вашата загриженост! Сигурен сум и здрав, и тоа многу здрав. Ве молам, не грижете се, не сум во карантин. Се надевам дека сите ќе останат безбедни и здрави – напиша Џеки Чен на својот инстаграм-профил.

Пред неколку дена се појавија информации дека Том Круз е ставен во карантин поради коронавирусот. Имено, славниот актер престојува во Венеција, каде што го снима продолжението на филмот „Невозможна мисија“, кое во моментот е прекинато.