СДСМ денеска во 18 часот ќе одржи марш под мотото „Чекориме за правда“. Рутата ќе се движи од Собранието до судовите.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги повика сите граѓани кои се за правда, правичност и силна правна држава да се приклучат на маршот.
– Ве повикувам сите, приклучете се во борбата за правда. Заедно да чекориме во изградбата на правната држава. Затоа, ве повикувам сите правдољубиви луѓе, понеделник, во 18 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, да чекориме во име на правдата. Ве повикувам да се приклучите кон Маршот „Чекориме за правда”. Заедно да чекориме од местото каде се изгласа овој толку важен закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – повика Заев.
Заедно ќе продолжиме напред, додаде тој, со одлучни чекори за вистинска и неселективна правда. „За европска перспектива, но и одговорност за сите кои го прекршиле законот! За напредок, развој и членство во НАТО и ЕУ“, рече Заев.