Фото: Игор Бансколиев

Некои нутриционисти велат дека за здрав организам неопходна и поздрава е термички обработената храна (овошје, зеленчук), додека други им даваат предност на свежите намирници.
Во научните кругови често се дискутира околу тоа што е поздраво за организмот, дали е поздраво да се консумира термички обработена или свежа храна, околу тоа што се случува со витамините и со минералите при термичкото обработување и како организмот ги поднесува свежите намирници. Во овие дискусии има две страни, едната страна вели дека термички обработената храна е подобра, другата го тврди спротивното. Преку оваа статија ќе ви ги приложиме аргументите од двете страни, а вие сами одлучете што е поквалитетно.

Свежи намирници
Многу експерти тврдат дека овошјето и зеленчукот треба да се консумираат свежи, со исклучок на чувствителните и постарите лица, на кои им се препорачува да консумираат готвена храна. Велат дека со консумирање свежи намирници се задржуваат витамините што му се потребни на организмот, додека, кога ќе ги зготвиме на каков било начин тие ги губат овие вредни состојки. За време на термичката обработка на намирниците, се уништуваат голем број хранливи материи, а освен тоа, свежиот зеленчук бара интензивна преработка на храната при дегустација, што позитивно влијае на забите. Истите експерти додаваат дека само свежата храна може да воспостави оптимален баланс на метаболизмот и влијае на побрзо и поефикасно извлекување на штетните супстанции и отрови во организмот, што на ќелиите им овозможува да ги задржат еластичноста и виталноста.

Готвени намирници
Низ својот развиток човекот заклучил дека растителната храна може да се приготвува на оган. Сите народи од кој било дел на светот термички ја обработуваат храната, па, така, на пример, Абориџините во Австралија прво го варат слаткиот компир, за понатаму да го испржат, излупат, рендаат или пасираат. Некои од нутриционистите, исто така, си имаат свои аргументи зошто е подобро да се готви билната храна пред да се дегустира. Велат дека секаде во светот, откако постои човекот општо е познато дека термички се обработува храната, бидејќи свежите намирници можат да предизвикаат стомачни тегоби и болести.


Дали навистина хранливите материи се уништуваат преку готвењето?

Експертите што тврдат дека свежата храна е подобра за организмот, како главен аргумент го истакнуваат фактот дека со готвењето се уништуваат голем број хранливи материи потребни за организмот. Дали тоа е навистина точно?
Можеби ќе ви звучи чудно, но никој во минатото не ја отворил оваа тема, ниту сметал дека е од голема важност, за тоа колку витамините се уништуваат при термичко преработување на храната. Но актуелни истражувања го поништуваат овој аргумент, така што потврдено е дека готвениот зеленчук не само што не ги губи значително состојките од неговата претходна состојба, туку дури е во предност!
Италијанските научници направиле истражување, при кое тие готвеле морков, тиква и брокули, а притоа го мереле количеството на витаминот Ц, глукозата и другите хранливи материи. Забележале дека се губи значително витаминот Ц, но другите состојки го задржуваат истото количество.
Од ова може да се заклучи дека готвениот зеленчук содржи целосно задоволувачки количества хранливи и здрави материи. Останува на вас, како ќе одлучите да ја приготвувате храната.