Природните препарати за нега може да бидат екстремно скапи, па зошто да не пробате некои од овие едноставни, природни и евтини рецепти за нега на лицето, телото и косата.
За едноставно миење на лицето, употребете 2 лажичиња шеќер во прав и 1 лажиче маслиново масло. Состојките измешајте ги, ставете ги на лицето и по неколку минути избришете се со топла крпа. Ќе направите пилинг и наедно ќе ја нахраните кожата. Избегнувајте го чувствителниот дел околу очите.
Кокосовото масло е одлично како хидратантен крем за лице и за тело. Полно е со лауринска киселина, која поддржува колаген и кожата лесно го апсорбира. Дури и на оние со мрсна кожа и со кожа што е склона на акни, природните антибактериски својства на кокосовото масло ќе им бидат од голема корист.
За приготвување освежителен тоник, пак, ви се потребни 1 ќесе чај од мента и 1 ќесе чај од камилица. Измерете 4-5 лажици врела вода, ставете ги ќесињата и оставете ги во неа 10 минути. Кога течноста ќе се олади, натопете во неа парче вата и премачкајте го лицето.
Камилицата често се користи кај егзем и други состојби на кожата, бидејќи дејствува смирувачки, а ментата дава свежина.