Една од најголемите ѕвезди на Балканот, извонредниот Масимо Савиќ ќе одржи два ексклузивни концерта во Скопје, на 3 и 4 февруари, во Македонската филхармонија. Публиката ќе има можност да ужива во настапот на неговиот супербенд, со чија поддршка тој ќе ги изведе најголемите хитови: „Из једног погледа“, „Странац у ноќи“, „Круг у житу“, „Додирни ме случајно“, „Додирни ме“, „Кладим се на нас“ и многу други песни што ја обележија неговата 30- годишна музичка кариера.
Организатор на концертите е продукцијата „Авалон“.
Популарната хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ на 14 февруари ќе одржи концерт во Македонскиот народен театар. Скопскиот концерт е дел од турнејата „Неописливо“, бидејќи пејачката вели дека токму сега се наоѓа во еден таков период од својот живот што не може поинаку да го опише, туку само преку песната. Тоа е концепт што ги поврзува музиката, поезијата и размената на силна енергија, зачинето со Денот на виното и љубовта, со магичната атмосфера што ја дава сцената на Македонскиот народен театар, гарантирајќи еден неповторлив спектакл.
Организатор на овој концерт е агенцијата „Ивентум“.