Снегот што вчера и денес паѓаше во Битола им донесе непријатности на возачите.
Денеска напладне, шеесетгодишен возач на автомобил „спарк“ поради лизгавиот коловоз и неприлагодена брзина удри во четири паркирани возила на паркингот кај супер маркетот „Тинекс“ во Нова Битола.
Од ударот е направена материјална штета на возилата.
За среќа во оваа сообраќајка не настрада никој од пешаците
M.M.