Православното христијанство и исламот се темелат врз исти вредности, изјави рускиот претседател, Владимир Путин во обраќање на верска конференција во Киргистан.
Конференцијата насловена „Православие и ислам – религии на мирот“ има за цел да го промовира меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог помеѓу Русија и Киргистан.
– Исламот и православното христијанство, како и другите светски религии, се базираат на фундаменталните хуманистички вредности кои имаат трајно значење на милосрдие и љубов кон ближните, правдата и почитта кон човековите битија – изјави Путин, пренесе „ТАСС“.
Тој додаде дека од суштинско значење е зачувувањето на односите помеѓу двете земји, како и соработката на религиските организации во заштита на мирот и меѓусебното договарање.