Јужна Африка го освои Светскиот куп во рагби третпат во својата историја. Во финалето, во Јапонија, Јужна Африка ја победи Англија 32:12.
Јужна Африка го задржа максималниот ефект во финалните мечеви, во третото финале ја освои третата светска титула. Претходно беа најдобри во 1995 и 2007 година.
Херој на победата на Јужна Африка беше Андре Полард кој постигна 22 од вкупно 32 поени на својата репрезентација. Крилата Маказоле и Колб потоа во второто полувреме со своите есеји го постави конечниот резултат.
За најдобар играч е прогласен Двејн Фермулен. Пехарот го подигна капитенот Си Колиси кој влезе во историјата бидејќи е првиот црномурен играч што го кренал пехарот наменет за светскиот првак.