Санкциите на Западот всушност и користеа на Русија бидејќи ги поттикнаа реформите, изјави денеска рускиот вицепремиер и министер за финансии Антон Силуанов.
– Санкциите го олеснија спроведувањето на реформите во Русија, во буџетската политика, структуралните реформи – рече Силуанов во говор на меѓународен економски форум во Санкт Петерсбург.
Тој додаде дека санкциите ги поттикнале да бидат побрзи со реформите.