Стотици луѓе денеска се собраа во катедралата на англискиот град Манчестер за да учествуваат на првата годишнина од самоубиствениот бомбашки напад во Манчестер Арената по концертот на американската поп-ѕвезда Аријана Гранде.
На церемонијата, која не е поврзана со одредена религија, присуствува британската премиерка Тереза Мај и внукот на кралицата, принцот Вилијам.
Во катедралата се блиски на 22-та загинати, десетици луѓе кои беа повредени и болничари кои им помагаа на жртвите по нападот пред една година. Церемонијата во храмот се емитува на огромен екран пред објектот.
Вкупно 22 гледачи загинаа, а стотина беа поврдени кога Салман Абеди, 22-годишен Британец со либиско потекло, изврши самоубиствен напад на крајот од концертот на американската поп пејачка Аријана Гранде на 22 мај 2017 година. Тој активира ексолизив што го носел на себе во фоајето на салата Манчестер Арена.
Најмладата жртва, Сафи Русос имаше осум години.
Пејачката денеска на Твитер им порача на жртвите од Манчестер дека мисли на нив, „денеска и секој ден“, и им испрати толина и љубов.
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед денеска ја смени својата профилна слика во пчела, симболот на Манчестер и напиша: „Секогаш памети. Никогаш не заборавај. Засекогаш Манчестер“.