Едно лице загина синоќа при напад со нож во центарот на Париз. Напаѓачот е убиен од страна на француската полиција. Терористичката организација Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за нападот.
Француските медиуми јавија, повикувајќи се на анонимни полициски извори, дека при нападот се повредени седум лица, од кои двајца се во критична состојба. Француската полиција соопшти дека се повредени четири лица.
Новинска агенција, блиска до ИД, објави дека осомничениот напаѓач од Париз е „еден од нивните војници“.
Очевидци посочиле дека при нападот, напаѓачот извикувал „Алах екбер“ (Бог е голем).
Засега не е познат идентитетот на напаѓачот, како ни мотивот за нападот.