Францускиот министер за екологија, Франсоа де Ружи, за чиј приватен живот на сметка на даночните обврзници на таа земја се полемизира во јавноста со денови, денес поднесе оставка.
Според француските медиуми, Де Ружи денеска требаше да одговори на прашањата на владата по многуте критики предизвикани од пишувањето на независниот портал „Медијапар“ за неговиот приватен живот. За време на викендот Де Ружи ги отфрлаше обвинувањата на „Медијапар“ нарекувајќи ги гротескни.
На 10 јули порталот објави дека Де Ружи користи пари од даночните обврзници за раскошни вечери и реновирање на резиденцијата. Според порталот, тој и неговата сопруга ги канеле пријателите на раскошни вечери во хотелот, кој е официјална резиденција на Франција.
Порталот исто така пишува дека Де Ружи и неговата сопруга се преселиле во министерски стан за чие преуредување потрошиле 63.000 евра.