Американскиот претседател Доналд Трамп и заменик-претседателот Мајк Пенс телефонски му ја честитаа победата на новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис, истакнуваји ја потребата за продолжување и продлабочување на односите меѓу Грција и САД.
– Господинот Мицотакис од негова страна му спомена на Трамп дека приоритет на новата грчка Влада е борба со бирократијата и зајакнување на инвестициите. Американскиот претседател му одговори на грчкиот премиер дека тие беа и неговите цели кога тој ја презеде функцијата. Двајцата се согласија за потребата за продолжување и продлабочување на одличните односи меѓу Грција и Соединетите американски држави – соопштија од кабинетот на Мицотакис.
И за време на разговорот со американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој траел речиси половина час, станало збор за суштински прашања и двете страни се обврзале за дополнително продлабочување на добрите односи меѓу двете земји.