Лина Ѓорческа (24) продолжува да собира поени со новите победи на тениските терени, откако вчера ја совлада Квирин Лемоин (27) од Холандија со 7-6, 3-6, 6-3 и се пласира во четврт-финалето на турнирот во Истад во Шведска (награден фонд 25.000 долари). Таа синоќа играше и во двојки со Русинката Анастасија Комардина, за пласман во полуфиналето на истиот турнир.
Македонската тенисерка минатата недела со Комардина го освои турнирот во Минск (Белорусија), што за неа беше 38-та титула во двојки (втора годинава, бидејќи победи и во Есен, Германија, исто така, со Комардина). Ѓорческа има и девет титули во поединечна конкуренција.
Таа од понеделникот е на 387-то место на листата на ВТА, но со новите бодови, барем 11 во поединечна конкуренција за пласманот во четврт-финалето, може да се очекува нов напредок на листата.