Сомнителна пратка е откриена во поштенска канцеларија за сортирање пошта во Ирска, идентична со писмата испратени на повеќе адреси во Лондон и Универзитот Глазгов на почетокот на месецов, соопшти денеска ирската полиција.
Безбедносните служби посочија дека ја истражуваат пратката која е идентификувана во канцеларијата за сортирање и се во контакт со британските власти.
На местото на настанот се наоѓа и воен тим за деминирање бомби.
Дисидентското движење, кое се нарекува „ИРА“ ја презеде одговорноста за испраѓањето пратки со бомби на повеќе адреси во Лондон и на Универзитеот во Глазгов. Таа мала група се противи на мировниот договор за Северна ирска од 1998 година.