Агенцијата за млади и спорт (АМС) по последните настани поврзани со случувањата во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и одржаното Собрание на кое беше избран новиот претседател, Муамед Селдини, испрати соопштение до јавноста, во кое меѓу другото, се вели:
– Директорот Дарко Каевски во саботата на прес-конференција го изнесе ставот на АМС дека Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) мора да ги усогласи Статутот, актите и своето работење со законите на Република Северна Македонија, а Собранието на ФФМ да ги верифицира и да обезбеди услови за непречена работа.
Каевски, тогаш рече дека одржување на Собранието (се одржа во неделата во Охрид – н.з.), спротивно на законот, го прави нелегитимно, со што ќе се предизвика сериозни проблеми во развојот на фудбалскиот спорт во нашата земја. Токму, поради тоа, сакаме јасно, прецизно и недвосмислено да изјавиме дека АМС останува на ставот што го изнесе директорот Каевски на средбата со новинарите – се истакнува во соопштението на ФФМ.