Стотици постери во рамки на кампањата на унгарската Влада против претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и милијардерот Џорџ Сорос беа преправени од група политички противници на премиерот Виктор Орбан и на нив испишаа свои пораки.
– Пристапивме на првата фаза од нашата кампања за утврдување на вистината, па нашите активисти со налепки ги прекрија лагите на постоечките постери” – рече Марија Геренсер, портпарол на опозициското движење „Моментум“.
Плакатите на кои подбивно се смее Јункер и американскиот милијардер со унгарско потекло Сорос ги постави унгарската Влада, тврдејќи дека тие се „промигрантски табор“ и се дел од некое сценарио кое ЕУ и го подготвува на Унгарија. На нив пишува „Имате право да знаете што ви подготвува Брисел“.
Активистите од Моментум ставија свои налепки, на кои меѓу другото пишува: „Унгарците имаат право да знаат дека во училиштата недостасуваат најмалку 4.000 професори“, „..недостасуваат најмалку 400 лекари“, и дека „Виктор Орбан е најбогатиот човек во Унгарија“.
„Мислиме дека најголема опасност за Унгарците не се ни ЕУ ни Сорос, туку корупцијата, малите плати, недостигот на работници и иселувањето“, објави Моментум на Фејсбук.