Европскиот комесар Јоханес Хан им дал понуда на косовските институции во замена за укинување на царинските такси за 100 отсто за увоз на производи од Србија и од БиХ, објави „Клан Косова“. Понудата на Хан доаѓа пред вчерашната клучна средба меѓу претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели, премиерот Хашим Тачи и амбасадорот на САД во Приштина, Филип Коснет, пренесува РТС.
Предлогот на Хан се однесува на отстранување на името УНМИК од ЦЕФТА-спогодбата и повторно преговарање за трговските односи меѓу инволвираните страни и решавањето на спорот околу регистарските возила.
Вчерашната средба меѓу претседателот на парламентот и премиерот на Косово со американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет, на кој ќе се разговара за барањето на САД за укинување на таксите за Србија, би можела да доведе до дестабилизација на институциите во Косово, односно до смена на Харадинај, пренесува агенцијата „Спутник“.
Претставниците на Демократската партија на Косово, чиј лидер е претседателот на косовскиот парламент, Кадри Весели, е иницијатор за средбата, со очекување дека ќе биде постигнат договор, односно дека премиерот Харадинај ќе го прифати барањето за укинување на таксите и оти нема да дојде до влошување на односите со САД.
Некои локални медиуми оценуваат дека проблемот би можело да доведе до дестабилизација и на внатрешен план, односно до пад на владата на Рамуш Харадинај.
Како причина за тоа ги наведуваат спротивставените ставови меѓу премиерот Харадинај и претседателот на Косово, Хашим Тачи.
Тачи бара од првиот човек на косовската влада укинување на таксите воведени за српски производи, што е барање и на САД, порачувајќи дека популистичките мерки треба да се прекинат. Харадинај е против, со образложение дека ги брани интересите и територијалниот интегритет на државата.