Пратеникот Јоргос Псарианос соопшти дека ја напушта партијата „То Потами“(Река) поради поддршката на фракцијата за Преспанскиот договор, само неколку часа откако претходно истото го направи неговиот колега Јоргос Амирас, пишува електронското издание на весникот „Та Неа“.
Во краткото соопштение на својот профил на Фејсбук, Псарианос вели дека патиштата со неговата партија се разделуваат и призна дека дел од одговорноста за настанатата ситуација е и негова.
Весникот уште потсети дека утрово „Река“ ја напушти и Јоргос Амирас, со што парламентарната група на партијата престана да постои.
Фракцијата се надеваше дека ќе ја одржи со вклучувањето на исклучениот од „Движењето за промена“ Танасис Теохаропулос, но напуштањето на Псарианос ги осуети ваквите планови.