Во Македонската опера и балет, вечерва, со почеток во 20 часот, ќе биде изведена операта „Тоска“, ремек-делото на Џакомо Пучини. Во оваа приказна за трагичната љубов на Флорија Тоска и на сликарот Каварадоси, прекината од еден злогласен шеф на полицијата (Скарпија) во Рим, во периодот на движењето за обединување на Италија, главните улоги ќе ги толкуваат Весна Ѓиновска-Илкова, Калин Братеску од Романија и Борис Трајанов.
Во другите улоги настапуваат: Ернес Ибраимовски, Драган Ампов, Никола Стојчески, Диме Петров, Димитар Кожухаров, Александра Лазаровска Василевски, како и оркестарот и хорот на Македонската опера и балет. Диригент е Иван Кожухаров од Бугарија, режисер Огњан Драганов од истата земја, а сценограф Зоран Николовски. Костимите се на Марија Пупучевска.